Динамо Загреб и навивачите се простија од Аријан Адеми! (Фото)

Мечот на Динамо Загреб и Ријека, ќе биде во знакот на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми, кој за последен пат игра за клубот во кој е повеќе од една деценија, а ја носеше и капитенската лента.

Од Динамо порачаа: „Поведи нè и денеска како што нè водеше сите овие години“, додека навивачката група „Бед Блу Бојс“ истотака имаше емотивна порака која е цитат на Јосип Куже: „Без оглед на сè, навивачите не може да ги излажеш. Навивачите се неверојатно способни да ги дијагностицираат или дефинираат луѓето кои се вакви или онакви“.

После овој меч, Адеми се сели во Кина и кариерата ќе ја продолжи таму, во клуб од Пекинг.

- Оглас -

Најнови вести