Динамо Загреб и Ристовски се вратија на победничките патеки во хрватското првенство (Видео)

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, одигра 81 минута во првата победа на Динамо Загреб оваа сезона во хрватското првенство.

Актуелниот шампион на Хрватска, откако во првото коло изненадувачки загуби од Хајдук на домашен терен, во второто коло забележа гостинска победа од 3-0 над Истра со головите на Иванушец, Емрели и Љубичиќ.

Динамо Загреб веќе во среда го игра реванш натпреварот против казахстанска Астана, а “модрите“ имаат предност од 4-0 од првиот натпревар на “Максимир“.

https://twitter.com/FootColic/status/1685384776427970560?s=20

- Оглас -

Најнови вести