Динамо Загреб имаше само 1% шанси да испадне од ЛШ со 11 освоени бода, но токму тоа и се случи

Синоќа беше одиграно последното и историско коло на новиот формат на Лигата на шампионите кога гледавме 18 натпревари истовремено, што досега беше невидено. Најголем дел од 36-те тима имаа своја цел и се бореа за неа, а на крајот најголем губитник остана Динамо Загреб, иако на „Максимир“ го победи големиот Милан со 2-1 и освои 11 бода во групната фаза од ЛШ.

Сепак, тие 11 бода не беа доволни за да се пласираат во нокаут-фазата, завршија на 25-тото место, први се „под линијата“, а на нив не им одеше во прилог апсолутно ниту еден резултат од останатите натпревари. Пред сѐ, резултатот од Лисабон, каде што Спортинг во финишот изедначи против Болоња и поради подобрата гол-разлика од Динамо го освои 23-тото место.

По 11 бода имаат и Манчестер сити и Клуб Бриж, кои се на 22-рото, односно на 24-тото место на табелата.

Историјата ќе покаже дека оваа прва сезона во овој формат ќе биде веројатно и единствената во која еден тим нема да помине понатаму со 11 освоени бода.

Аналитичарите на страницата Football Meets Data пред почетокот на натпреварувањето пресметале дека пласманот со 11 освоени бода е речиси сигурен, односно дека шансите за испаѓање се помали од 1 процент.

- Оглас -

Најнови вести