Динамо Загреб, за кого настапуваат Аријан Адеми и Стефан Ристовски, вечерва загуби од Челзи во Лондон со 1-2, па остана последен во групата, што значи крај на европскиот пат за оваа сезона.
Сепак, Модрите може да бидат горди на тоа што го направија, стигнаа до групите во ЛШ, освоија четири бода и со тоа си обезбедија заработка од над 25 милиони евра.
Влезот во групите носи 15,64 милиони евра, 2,8 милиони вреди победа, а нерешено 930 илјади. Тука се и парите (6,28 милиони) од клупскиот коефициент врз резултати во последните десет години и маркетингот.