21.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Динамо Загреб испишува историја: Купува играч за 7,5 милиони евра

Најтрофејниот хрватски клуб Динамо Загреб ја прекина шампионската серија откако во последната сезона не го одбрани тронот, па Ријека е првак. По завршување на сезоната, Динамо направи голем рез во составот и неколку стандардни играчи си заминаа.

Токму тоа беше знак дека Динамо ќе носи нови играчи, а според најавите на германскиот новинар Флоријан Плетенберг, веќе е се договорено за историскиот трансфер на Дион Белјо од Аугзбург.

„Ексклузивно. Дион Белјо е нов играч на Динамо. Сѐ е завршено. Постигнат е конечен договор со Аугсбург. Тимот од Германија ќе заработи сигурно четири милиони евра, а со бонусите таа сума ќе достигне до 7,5 милиони евра. Динамо го бараше токму него. Медицинските прегледи се закажани за вторник“, стои во објавата на германскиот новинар.

Вкупно осум нови фудбалери Динамо доведе ова лето, а Модрите имаат и нов тренер. Белјо игра како напаѓач, а тој е фудбалер кој има и два настапи во дресот на хрватската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести