Динамо Загреб ја покажа силата против бугарскиот првак

Динамо Загреб со Аријан Адеми како капитен и Стефан Ристовски како предводник во одбраната, славеше на гостувањето во Разград кај Лудогорец со 2:1, во првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на шампиони.

Хрватскиот првак кој во претходното коло едвај со вкупни 3:2 го елиминираше Шкупи, сега славеше против Лудогорец. Уште во првите 10 минути Динамо ја покажа силата кога Периќ погоди за 1:0, а потоа Пад си даде автогол.

Лудогорец намали на 1:2 во 22 минута, а тоа на крајот се покажа и како конечен резултат. Реваншот се игра во Загреб.

На гости се радуваше и Викторија Плзен кај Шериф, победувајќи со 2:1. Во дербито на ова коло од квалификациите во ЛШ, Монако и ПСВ ремизираа 1:1 на дуелот во Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести