Динамо Загреб ќе мора да се задоволи со учество во групната фаза од ЛК (Видео)

Екипата на Динамо Загреб по елиминацијата од Лигата на шампионите, доживеа шок и загуби од Спарта Прага со 4-1 на реванчот во Чешка и не успеа да се пласира ниту во групната фаза од Лигата на Европа.

Клубот за којшто настапува капитенот на репрезентацијата на Македонија, Стефан Ристовски, оваа сезона ќе мора да се задоволи со учество само во групната фаза од Конференциската лига, третото по ранг европско натпреварување.

Динамо Загреб имаше предност од 3-1 од првиот натпревар, но таа беше елиминирана само по 24 минути игра во Прага со головите на Хараслин и Соренсен. Во второто полувреме следуваше нов шок. Спарта Прага во 67-мата минута поведе со 3-0 со погодокот на Панак, само четири минути подоцна Динамо се врати во игра преку Батурина, кој намали на 3-1.

Конечните 4-1 за големо славење во Прага ги постави нигерискиот интернационалец Виктор Олатунџи во 87-мата минута.

Во продолжение останатите голови од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести