31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Динамо Загреб му продаде фудбалер на Интер за 14 милиони евра

Динамо Загреб продолжува да им држи лекции на екипите не само од регионов туку и пошироко. Актуелниот шампион на Хрватска му го продаде младиот фудбалер од средниот ред, Петар Сучиќ, на Интер за сума од 14 милиони евра. Загрепчани може да заработат уште два милиони евра од дополнителните бонуси, но имаат и процент од следниот трансфер.

Дваесет и едногодишниот фудбалер својата кариера ја започна во младинските категории на Искра Бугојно, од каде што следуваше преселба во Зрињски од Мостар. Таму беше забележан од Динамо Загреб и беше купен за 200.000 евра во 2022 година. Следуваше позајмица во Зрињски, за конечно да се врати во Загреб во 2023 година и да блесне на европска сцена, а младинските селекции на Босна и Херцеговина ги замени за настапи за сениорската селекција на Хрватска.

Сепак, иако Интер зимава го купува од Динамо Загреб, Сучиќ ќе остане на позајмица кај Модрите до крајот на оваа сезона за да им помогне во одбраната на титулата.

- Оглас -

Најнови вести