Динамо Загреб на „вадење“, Шалке ќе се потсети како е да се игра против Хамбургер

1901 Штурм – Салцбург (20.30 часот)

Со овој дерби-натпревар во Грац се отвора новата сезона во австриската Бундеслига. Црвените бикови од Салцбург беа прваци во претходните осум сезони, а нападот на деветтата титула по ред го почнуваат против екипа која минатата сезона ја заврши на четврто место. Во подготвителниот период, Штурм пред две недели одигра 1-1 со белградската Црвена ѕвезда, а во Купот на Австрија пред шест дена победи со 9-0. Салцбург во Купот пред една недела славеше со 4-1, додека во подготвителниот период сите четири контроли, од кои две со Монако и Олимпијакос, му беа барем со три гола. И традицијата најавува ефикасен меч. Од последните 10 меѓусебни дуели, само на два не било „гол-гол“.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.80)

 

1655 Стандард Лиеж – Генк (20.45 часот)

Во Лиеж се отвора новата сезона во белгискиот шампионат, а честа ја имаат тимови кои минатата сезона ја завршија на шесто, односно четврто место. Стандард на последните три пријателски мечеви одигра нерешено и секогаш и даваше и примаше гол. Генк пред шест дена загуби со 2-3 од Клуб Бриж во Суперкупот, а два дена подоцна во пријателски меч со холандскиот Мастрихт даде пет гола. Генк е незгоден гостин, а традицијата на меѓусебните дуели не фаворизира никого.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

3141 Хрватски Драговољац – Динамо Загреб (20.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои доживеаја болни порази од два гола разлика во првото коло и ова е прилика да се извадат пред своите фанови. Динамо е голем фаворит на хартија и не би смеел да си дозволи нов кикс како пред една недела против Славен Белупо. Динамо во вторникот ја победи Омонија во квалификациите за ЛШ, но им се повреди капитенот Адеми. Драговољац само еднаш го има победено Динамо, и тоа пред 23 години.

Предлог тип: 2 & 2-3 (2.60)

 

1811 Шалке 04 – Хамбургер (20.30 часот)

Некогашните шампиони на Германија, а актуелни второлигаши, сезонава во Цвајта ќе имаат цел да се вратат во елитната Бундеслига, каде што според реномето и припаѓаат. Но, за Хамбургер не е ништо ново играњето во втора лига, тие веќе четврта сезона ќе бидат во тоа друштво, додека Шалке сега од прва се пресели во втора лига. Двата тима не загубија ниеднаш во подготвителниот период и со оптимизам влегуваат во овој дуел. Тимот од Хамбург десет и пол години не знае за победа во Гелзенкирхен.

Предлог тип: & 0-3 (2.03)

 

3201 Ростов – Динамо Москва (19.00 часот)

Ростов и Динамо ја отвораат сезоната во руската Премиер лига. Ние во Македонија се надеваме дека тренерот Карпин ќе му дава шанса на Давид Тошевски, кој лани премина во Ростов. Не е спорно дека московјаните имаат поквалитетен состав, но тоа не им гарантира победа. Во подготвителниот период, Ростов од осум меча, само еднаш одигра нерешено, додека на мечевите на Динамо честопати еден тим не даваше гол. Во минатата сезона, Ростов дома го порази Динамо со 4-1, Динамо од 2014 година не знае за победа на гости против Ростов.

Предлог тип: НГ (1.86)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести