20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Динамо Загреб сепак не доаѓа во Србија, ќе ги освои трите бода без воопшто да игра!?

Динамо Загреб оваа сезона е дел од лигашката фаза во Лигата на Европа, а првиот меч ќе го игра в среда против Фенербахче, и тоа на „Максимир“ во Загреб. Ждрепката сакаше Динамо во второто коло за противник да го добие Макаби Тел Авив, а израелскиот тим поради нестабилната состојба во татковината, мечевите како домаќин најави дека ќе ги игра на „ТСЦ Арена“ во Бачка Топола во Србија.

Тоа значеше дека Динамо по неколку децении пауза, ќе се подготвува за гостување во Србија. Тој меч е закажан за 2 октомври. Сепак, сè поверојатно е дека мечот нема да се игра.

УЕФА е под притисок да ги исфрли клубовите од Израел, но и репрезентацијата од сите натпреварувања поради инвазијата која подолг период трае врз Газа. Неколку европски фудбалски велесили веќе лобираа дека Израел треба да биде исфрлен од фудбалските натпреварувања, а во последно време силно влијание стигнало и од Катар.

Израел неодамна ја нападна и Доха, па Катарците решија да возвратат со тоа што силно лобираат УЕФА да го исфрли Израел од сите натпреварувања.

УЕФА утре ќе има состанок на кој ќе реши дали Израел ќе биде исфрлен, но според најавите, најголем дел од членовите ќе гласаат за исфрлање на оваа земја од сите натпреварувања кои се под организација на европската фудбалска куќа.

Ако тоа се случи, ќе значи дека Макаби Тел Авив ќе биде исфрлен од Лигата на Европа, а Динамо воопшто нема да има потреба да гостува во Србија. Службено ќе ги освои бодовите.

- Оглас -

Најнови вести