Динамо Загреб подготвува нов договор за Стефан Ристовски

Раководството на хрватскиот првак Динамо Загреб е подготвено да му понуди нов договор на Стефан Ристовски. Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија игра одлично во дресот на Динамо, но набрзо му истекува договорот.

Во јануари, како што открива „Јутарњи“, Стефан Ристовски и Теофил-Катерин влегуваат во последните шест месеци од своите договори со хрватскиот клуб.

Спортскиот сектор на Динамо Загреб веќе го отворил прашањето за нивните договори и останување на „Максимир“, и ова наскоро ќе биде приоритет во плановите на Модрите.

- Оглас -

Најнови вести