Динамо Загреб повторно не победи, а навивачите ги „избркаа“ фудбалерите во соблекувална

Хрватскиот првак Динамо Загреб одигфра само 1-1 на домашен терен против Славен Белупо, во меч исполнет со драматични моменти и емоции. Аријан Адеми беше стартер, но брзо се повреди и ја напушти играта, а Стефан Ристовски не играше поради повреда.

Динамо доминираше во првото полувреме и заслужено поведе во 23-та минута преку Качавенда, кој го постигна водечкиот гол.

Славен Белупо веднаш возврати на почетокот на вториот дел. Гргиќ го изненади „Максимир“ со израмнувачки погодок и израмни на 1-1.

По завршувањето на натпреварот, играчите на Динамо се упатија кон северната трибина за да ги поздрават најверните навивачи „Бед Блу Бојс“, но тие одбија интеракција, испраќајќи јасна порака дека не се задоволни и ги испратија во соблекувалната.

Лидерот Хајдук Сплит, ако победи, може да побегне на +9 бода во однос на Динамо Загреб.

- Оглас -

Најнови вести