Динамо Загреб повторно работи одлично со трансферите и сега направи интересен договор со шкотски Хибернијан.
Популарните Модри му дозволија на левиот бек Маријан Чабраја да замине во таборот на Хибернијан без отштета, но договорија да добијат дури 40 проценти од следниот трансфер.
Чабраја им беше вишок во составот и не успеа да се наметне како засилување од Горица, клуб од кој пред 18 месеци пристигна во редовите на хрватскиот првак.
Одигра само 10 меча за Динамо, а потоа му беше позајмен на унгарскиот првак Ференцварош.
И таму не се задржа долго, па ланската сезона ја доигра во Олимпија од Љубљана.
Сега е веќе нов играч на Хибернијан, клуб со кој потпиша тригодишен договор, а во иднина од трансферот ќе ќари и Динамо, и тоа 40 посто од следната продажба на Чабраја.