15.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Динамо Загреб сака да го врати Лука Модриќ во своите редови

Претседателот на Динамо Загреб, Мирко Баришиќ, му се јавил на Лука Модриќ, за да го праша дали би прифатил следната сезона да игра за Динамо, клубот во кој Лука почна да игра фудбал на повисоко ниво, и од каде се пресели во Тотемхем, пред да замине во Реал Мадрид каде е повеќе од една деценија.

Ветеранот Модриќ сезонава нема голема минутажа во Реал и размислува што понатаму, но бидејќи најавил дека сака да игра на СП 2026, јасно е дека не сака да се пензионира, иако и тоа не треба да се отфрли дефинитивно како опција.

За 38-годишниот Модриќ има интерес од саудиски и американски клубови, но и од европски, а и Динамо би сакал да го види Лука повторно во нивниот дрес. Одговорот на Модриќ до Баришиќ бил дека кога ќе заврши сезонава ќе размисли за понудата дали да се врати во Динамо. Тоа што не ја одбил понудата веднаш, во Динамо им дава оптимизам, и се надеваат дека може да има дерби Динамо – Хајдук со Модриќ на едната, а Перишиќ на другата страна.

- Оглас -

Најнови вести