Трката за титулата во хрватскиот шампионат стана навистина возбудлива по одигрувањето на 32-то коло, во кое водечките екипи Ријека и Хајдук доживеаја нови порази.
Посебно загрижувачка е формата на Хајдук Сплит, кој одигра уште еден слаб натпревар и загуби од Осијек со 2-0. Трет меч последовно тимот доби црвен картон, а ривалот тоа знаеше да го искористи.
Динамо Загреб го доби дербито против Ријека со минимални 1-0 благодарение на погодокот на Марко Пјаца. Со оваа победа, Модрите сега заостануваат само еден бод зад конкурентите и имаат одлична шанса да се вклучат во борбата за шампионската титула.