Динамо Загреб е подготвен за историскиот реванш-меч против Бенфика во Лисабон. „Модрите“ играат во реванш-дуелот од осминафиналето на Лигата на Европа, а на гостински терен ќе се обидат да ја сочуваат предноста од првите 90 минути, кога во Загреб победија со 1-0.
Во составот на Динамо повторно ќе го нема капитенот Аријан Адеми. Македонскиот репрезентативец има повреда, но се надева на успех на својот тим, па да биде подготвен за четвртфиналето. Освен поддршката од Хрватска, за Динамо се навива и во Танзанија.