Хрватскиот гигант Динамо Загреб се согласил да го продаде 16-годишниот Португалец Кардосо Варела во Барселона, пренесува 24сата.хр. Според најавите, Динамо веднаш ќе заработи пет милиони евра од овој трансфер, а дополнителни 20 милиони треба да пристигнат во вид на разни бонуси.
Динамо го задржува и правото да добие 20 отсто од следниот трансфер на Кардосо. Иако Барселона летово ќе го купи тинејџерот, младиот Португалец ќе остане на „Максимир“ уште една сезона.
Кардосо во Динамо дојде само пред шест месеци, а игра на крилната позиција или офанзивен играч за врска. Во Динамо дојде од академијата на Порто.