На синоќешниот пријателски натпревар помеѓу Милан и Монца, кој им припадна на Росонерите со 4-1, еден од головите ги даде Даниел Малдини, и тоа беше негов прв погодок во дресот на миланезите. Овој гол ја продолжи серијата на лозата на семејството Малдини во клубот.
Голови за Милан имаат давано и дедо му Чезаре и татко му Паоло Малдини, па Даниел е трета генерација од семејството Малдини кој постигнал гол за Милан. Даниел не е дефанзивец како неговите татко и дедо, и ако остане над една деценија во Милан како дедо му и татко му, веројатно ќе постигне повеќе голови од нив.
Даниел засега има играно на два официјални меча за Милан, и нема гол, но секако ќе го памети погодокот на оваа контрола со Монца.