Диого Жота го зацврсти Ливерпул на врвот во Премиер лигата (Видео)

Ливерпул ја оствари шестата победа во Премиер лигата оваа сезона откако го совлада Кристал Палас на гости со 0-1. Диого Жота беше стрелец на победничкиот гол за Црвените уште во деветтата минута. Тоа беше негов 60-ти гол во 100 натпревари во дресот на Ливерпул.

Тимот на Арне Слот имаше и кризни моменти, Матета имаше одлична шанса за израмнување, но Алисон Бекер успеа да го сочува својот гол.

По овој триумф, Ливерпул има 18 бода, четири повеќе од Манчестер сити кој од 16 часот го пречекува Фулам на „Етихад“.

- Оглас -

Најнови вести