Диого Жота играше и против Македонија: Асистенција, црвен картон, конфликт … (Фото+Видео)

Фудбалскиот свет е потресен од трагичната погибија на фудбалерот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре. Португалецот има настапи и против Македонија, а ќе се сеќаваме на неговата асистенција до Бруно Фернандеш во 65-тата минута од бараж дуелот за пласман на Светското првенство во 2022 година.

Португалија тогаш нѐ победи со 2-0 и така обезбеди пласман на Мундијалот.

На истиот натпревар Жота влезе во конфликт со нашиот Езџан Алиоски, а фотографијата од тој момент го обиколи светот.

 

Жота настапи против Македонија и на мечот од групната фаза на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска, во 2017 година. Португалецот беше исклучен во судиското продолжение по невнимателниот старт над Никола Ѓорѓев, кога веќе мечот беше решен, а Португалија имаше водство од 4-2.

Diogo Jota straight red card vs FYR Macedonia U21
byu/DaddyDaddyDabs insoccer

- Оглас -

Најнови вести