Директно на терен – спортистите не се должни да одат на тест за корона-вирусот

Спортистите од црногорските клубови кои неодамна започнаа со тренинзи, а за 20-тина дена треба да започнат со натпревари, нема да имаат обврска да одат на тестирање за корона-вирусот, откри Сенад Бегиќ, кој е помошник-директор на Институтот за јавно здравје во Црна Гора.

„Здравствените работници се поголема ризична категорија, а не постои обврска тие да се тестираат, така што нема потреба ни спортистите да одат на задолжителни тестови“, вели Бегиќ, кој додаде дека спортистите имаат упатства по кои треба да се придржуваат и дека не треба да се случи некој здравствен проблем.

Фудбалското првенство во Црна Гора ќе продолжи на 1 јуни.

- Оглас -

Најнови вести