Директор на италијански гигант отворил лажен профил на „Инстаграм“ за да ги шпиунира своите играчи

Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, во еден ден заврши три потписи со кои Нераѕурите ги потврдија шампионските амбиции, а притоа ги шокира италијанските медиуми со својата изјава.

Интер за 25 милиони евра го купи Давиде Фратези од Сасуоло, кој треба да претставува замена за Марцело Брозовиќ, кој пак се пресели во саудискиот Ал-Наср. Хакан Чалханоглу потпиша нов договор со Нераѕурите до 2027 година, а Давиде Бастони стави параф на договорот до 2028 година.

Аусилио по потписот со тројцата фудбалери, ги шокира медиумите откривајќи им дел од неговите детективски способности.

https://twitter.com/CronacheTweet/status/1676673145686687744?s=20

„Немам официјален профил на ‘Инстаграм’, но затоа отворив лажен. Зошто? Па, за да ги проверувам сопругите и девојките на своите фудбалери. Од нив можете да дознаете многу работи, вклучувајќи го и карактерот на играчите. Дури ги следам и фудбалерите на останатите екипи, а лажниот профил го направив бидејќи девојка на еден фудбалер ни создаваше многу проблеми“, изјави Аусилио.

Директорот на Интер не откри за која девојка станува збор, но италијанските медиуми се сомневаат во Ванда Нара, сопругата на Мауро Икарди, кој од 2013 до 2020 година го носеше дресот на Интер.

- Оглас -

Најнови вести