Извршниот директор на Манчестер јунајтед, Ричард Арнолд, во паб се сретнал со фанови на клубот и имал импровизирана средба на која се обидел да ги убеди да не прават протест пред неговиот дом.
Арнолд кога дознал што се подготвува, заминал на средба со организаторите на протестот, им купил пијачки, и го слушнал нивното мислење, а потоа објаснил што прави за да се вратат успесите и да се засили комуникацијата со навивачите.
„Парите не се клучни за трансфери. Имаме пари за да го купиме Френки Де Јонг. Нашите претставници се во Барселона“ – раскажува меѓу другото Арнолд.
Арнолд зборуваше и за сопствениците на клубот, семејството Глејзер, и изрази незадоволство како биле трошени парите во последните години.
„Не сум тука да го бранам Џоел Глејзер, со него треба да разговарате. Потрошивме многу еб… пари. Не можете да отидете во тренинг центарот и да видите каде отишле милијарда фунти. Имавме двајца кртови кои во медиумите изнесуваа вести од соблекувалната и тие летово го напуштија клубот“ – вели Арнолд.
Летово си заминаа четвртиот голман Ли Грант, ветераните Мата, Кавани и Матиќ, како и Лингард и Погба. Според директорот, двајца од нив тајно им давале инсајдерски информации на медиумите.
Richard Arnold. Talking about the Glazers. pic.twitter.com/RnHXCQuXfk
— Paul, Manc Bald and Bred (@MufcWonItAll) June 18, 2022