Директорот знае дека машината за голови е одлично подмачкана: Не ни треба Халанд, Левандовски уште долго ќе дава 30-40 гола по сезона

Извршниот директор на Баерн Минхен, Оливер Кан ги демантира шпекулациите во германските медиуми дека гигантот од Баварија ќе се обиде да го ангажира шпицот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд во 2022 година.

Кан верува во својата машина за голови, Роберт Левандовски и е сигурен дека тој ќе биде на истото ниво уште неколку сезони.

„Халанд е одличен напаѓач, но Баерн го има Роберт Левандовски, кралот на стрелците во Европа. Убеден сум дека Лева ќе игра на врвно ниво уште многу години и дека ќе дава меѓу 30 и 40 голови по сезона“, изјави Кан.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1474440179578462215?s=20

Баерн има пракса да ги купува најдобрите играчи од Бундеслигата, па дури и тие да играат во таборот на големите ривали како што е Борусија Дортмунд.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести