Директорот на АО: Ѓоковиќ нема да тужи, го чекаме следната година во Мелбурн

Директорот на Австралија опен, Крег Тили е сигурен дека Новак Ѓоковиќ нема да го тужи организаторот на турнирот. Тили, кој е прв човек на тениската федерација на Австралија, му даде дозвола на Ѓоковиќ за настап на Гренд слем турнирот и тоа со медицинско изземање.

Сепак, на крајот, најдобриот тенисер во светот не настапи во Мелбурн откако не доби дозвола од властите во Австралија. Ѓоковиќ беше протеран и се очекува да добие тригодишна забрана за влез во земјата, но Тили е убеден дека Србинот следната година ќе игра на Австралија опен.

„Очекувам веќе следната година Ѓоковиќ да се врати тука. Очигледно е дека требаше да игра и оваа година и тоа ќе му биде намерата и следната сезона. На крајот од краиштата, тој е светски рекет број 1 и сака да игра на Австралија опен. Сигурен сум дека нема да нè тужи“, рече Тили.

Премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрју вели дека Ѓоковиќ е добредојден во земјата, но само доколку реши да се вакцинира.

- Оглас -

Најнови вести