6.8 C
Skopje
недела, 8 февруари 2026

Директорот на Бугарската федерација убеден дека Македонија ќе биде казнета од УЕФА

Извршниот директор на Бугарскиот фудбалски сојуз, Борислав Попов, најавува дека Македонија ќе биде казнета од УЕФА за исвиркувањето на химната.

Според Попов, делегатот го запишал исвиркувањето во својот извештај и тоа значи дека Дисциплинската комисија на УЕФА нема да ја остави неказнета Македонската фудбалска федерација.

„На нашиот меч со Англија пред три години свирежите беа многу послаби, а добивме казна од 10.000 евра. Нема шанса да остане неказнето ова неприфатливо хулиганско однесување“, вели Попов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести