Директорот на Милан, Џорџо Фурлани во разговор за весникот „Газета дело Спорт“ зборуваше за статусот на играчи како Рафаел Леао, Тео Ернандез и Мајк Мањан и ги израдува навивачите на Росонерите.
Споед Фурлани, единствен сигурен фудбалер кој има активен договор на уште две години е Рафаел Леао кој и самиот сака да остане во Милан.
„Леао има откупна клаузула од 175 милиони евра, но самиот фудбалер сака да остане во Милан. Тој е среќен тука, доколку не беше така, тогаш самиот ќе побараше да си замине“, изјави Фурлани.
Директорот откри дека Милан во летниот преоден рок планира да направи реконструкција, но притоа ги смирува навивачите велејќи дека освен Леао, сака во тимот да останат и Ернандез и Мањан.
„И Ернандез и Мањан имаат договори до јуни 2026 година. Постојано се зборува за продажба или купување, но најчесто фудбалерите се тие кои одлучуваат за нивната иднина. Тео и Мајк се шампиони и се надеваме дека уште долго ќе останат со нас“, изјави Фурлани.