Стадионот „Шенол Ѓунеш“, кој од маркетиншки причини сега се вика „Медикал парк арена“, е гордост на фудбалскиот клуб Трабзонспор. Турскиот првак има одлични услови, а воодушевен од инфраструктурата таму е и генералниот директор на Црвена ѕвезда, Звездан Терзиќ.
Ѕвезда вечерва му гостува на Трабзонспор во Лигата на Европа, а Терзиќ го испофали стадионот на нивниот домаќин.
„Ваков стадион ни треба и нам. Модерен, убав, скоцкан и притоа има многу комерцијални содржини во приземјето, што на клубот секојдневно му носат финансиски приходи“, вели Терзиќ.
Стадионот има 40.782 седишта, од кои 2.954 се ВИП, 196 протоколарни, 282 за претставници на медиумите и 80 за лица со инвалидитет.