Манчестер сити лесно го совлада Вест хем со 2-0 во вонредниот меч од 26-тото коло во Премиер лигата. Пеп Гвардиола како предводник на Граѓаните ја оствари деветтата победа против Чеканите на исто толку натпревари, а за да се одржи учинокот, се погрижи белгиската ѕвезда Кевин де Бројне.
Погодокот за 1-0 на Родри во 30-тата минута е благодарение на Де Бројне, кој стигна до 17-тата овосезонска асистенција, а на 12 кола до крајот на шампионатот му се потребни уште три точни додавања за да го стигне рекордот на Тјери Анри од 20 асистенции во една сезона.
Белгиецот во вториот дел ја потврди победата забивајќи за конечните 2-0 во 62-рата минута.