Дисквалификацијата во Лахти му ја одзеде шансата за апсолутен рекорд на Домен Превц

Словенечкиот ски-скокач Домен Превц беше дисквалификуван веднаш по победата на натпреварот од Светскиот куп во Лахти.

Причината за дисквалификацијата беа скиите, кои биле за еден сантиметар подолги од дозволеното. Според правилата, должината на скиите зависи од телесната тежина на натпреварувачот, а строгата контрола утврди дека Превц бил премногу лесен за скиите што ги користел, што доведе до автоматско поништување на резултатот.

Превц славеше со скок од 129 метри, оставајќи го зад себе второпласираниот Германец Филип Раимунд за речиси десет поени, но победата му беше одземена по контрола на опремата.

Тој го обезбеди Големиот кристален глобус за вкупна победа во сезоната, меѓутоа оваа дисквалификација му ја одзеде шансата за поставување апсолутен рекорд. Победата во Лахти ќе му беше седма по ред, со што ќе станеше апсолутен рекордер. Сега останува на шест последовни победи, со што го дели рекордот со уште неколку скијачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести