Дивеат Аргентинците што добија признанија на Мундијалот – Енцо Фернандес и киднал на Бенфика и си славел Нова година дома

Нов скандал во режија на еден од светските прваци, а го приреди најдобриот млади играч на планетата, Енцо Фернандес.

И официјално прогласен за најдобар млад играч на Мундијалот во Катар што го освои со Аргентина, Фернандес приредил вистински скандал непосредно пред Нова година.

Тој си заминал од Лисабон без одобрение од неговиот клуб Бенфика и бил дома во Буенос Аирес, каде со семејството си прославил Нова година.

Енцо тоа го сторил веднаш по празот од Брага со 3:0 на гостински терен, што уште толку ги разлутило сите во Бенфика, па го очекува строга казна.

Пред него дивееше Емилијано Мартинес, најдобриот голман на планетата според признанието што го доби во Катар.

Голманот на Аргентина се истакна веднаш со безобразно однесување кога ја доби Златната ракавица и ја стави на меѓуножјето со што го згрози фудбалскиот свет.

Потоа продолжи при прославата на светската круна кога постојано носеше кукла на Килијан Мбапе со омаловажувачки однос кон најдобриот фудбалер на ривалот во финалето, селекцијата на Франција.

За Фернадес има огромен интерес од неколку гиганти. Челзи, Ливерпул и Манчестер јунајтед се најзаинтересирани за 21-годишниот играч на Бенфика.

Отштетната клаузула е 120 милиони евра, а најблиску до ангажман на Енцо е Челзи.

 

- Оглас -

Најнови вести