Дивеење во Грција, мечот прекинат: Навивачите збеснаа, фрлен солзацев, тепачки, фудбалерите бегаа од теренот (Видео)

Целосен хаос се случи на мечот меѓу Волос и Олимпијакос кој не го дочека својот крај. Се играше судиското надополнување, кога мечот беше прекинат, откако некој од трибините фрли солзавец.

Потоа, навивачите на Олимпијакос продолжија да фрлаат со фрлање на предмети на теренот и потоа следувало и тепачка со полицијата која се обидувала да ги смири. Фудбалерите кои беа на теренот избегаа во соблекувалните.

Целиот овој хаос се случи во 90+5 минута при резултат 2:2. Судијата покажа дека ќе има осум минути надополнување што значи дека остануваа само уште три минути да се доиграат, но тоа не се случи.

- Оглас -

Најнови вести