Ленс – Дижон (20:45 часот – Плејоф за опстанок Лига 1, прв натревар)
Ленс некогаш важеше за опасна екипа која правела проблеми и во Франција и во европските купови, но веќе неколку години тие се во застој и се натпреваруваат во второто по квалитет француско првенство. Сега конечно им се укажа шанса за влез во елитата, но до таму ќе мораат преку Дижон, тимот кој пак ќе се обиде да го задржи прволигашкиот статус преку овие разугрувања, откако не успеа тоа да го направи во 38 натпревари.
Сите претходни средби на овие две екипи се играле во втората лига на на Франција, а Ленс брои само еден триумф во осум средби. Три се на Дижон, додека немало победник на останатите четири меча. Иако вечерашните гости ја имаат историјата, Ленс е фаворит поради тоа што игра пред домашна публика, а треба да се очекуваат и погодоци во овој дуел од двомечот за опстанок или пласман во Лига 1.
Предлог тип: 1X & 2-4 (2.30)
Рапид Виена – Штурм Грац (17 часот – Плејоф за пласман во квалификациски циклус за ЛЕ, прв натпревар)
Рапид и Штурм се во битка да стигнат до последното место кое води во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона. Победникот ќе се знае по два дуели, а екипата од Виена како фаворит во првата пресметка може да го направи првиот чекор кон успех. Сепак, тие имаа само два дена да се подготван за оваа средба бидејќи завчера играа против Матерсбург во последното коло од вториот дел од австриската Бундеслига, така што заморот може многу да им наштети на фудбалерите на Рапид.
Тимот од Грац, пак, имаше два дена повеќе за да скрои план како да избори излез во Европа, но за такво нешто ќе треба да обезбеди позитивен резултат денес на „Алијанц стадионот“ во Виена, а тоа не им успеало во последниве две години.
Предлог тип: Т1 1+I & T1 2+ (2.50)
Kсамакс – Арау (19 часот – Плејоф за опстанок, Прва лига Швајцарија, прв натпревар)
Ксамакс како претпоследнопласиран од швајцарската Суперлига ќе се обиде таму и да остане, а воедно да го урне сонот на Арау за враќање во елитата по четири години пауза. Екипата од Ношател негува позитивна традиција против Арау, во меѓусебните средби од изминативе 10 години во кои Ксамакс бил домаќин загубила само еднаш, а ретко се случувало да нема победник.
Токму затоа фаворитската улога им припаѓа ним, па нема да биде изненадуање ако убедливо забележат прва победа со која би биле поблиску до опстанок. Помага и фактот што во 10 последователни средби се постигнувале најмалку по два погодока.
Предлог тип: 1-1 & 2+ (3.0)
Нигерија – Украина (20:30 часот – Светско првенство до 20 години, групна фаза, трето коло)
Двете селекции се во обид да го потврдат пласманот во следнат фаза од Мундијалот за млади играчи до 20 години. Украина е во подобра позиција, засега се максимални со две победи и шест бода, па првото место во групата Д им припаѓа ним. Нигерија засега оствари еден триумф и еден пораз, така што тие се во комплицирана ситуација. Нов негативен резултат и воедно победа на САД во мечот против Катар ќе биде крај за африканската селекција.
Нигерија и Украина се сретнале само еднаш во рамките од Мундијалот до 20 години, а тогаш африканските „орли“ славеа со минимални 1-10, но се чини дека вечерва дуелот ќе биде поефикасен.
Предлог тип: 1X & 1-3 (2.04)
САД – Катар (20:30 часот – Светско првенство до 20 години, групна фаза, трето коло)
САД важи за седми фаворит за освојување на младинскиот Мундијал, но Американците никогаш во историјата не се искачиле на тронот. Вечерва имаат последна шанса да се пласираат во нокаут-фазата, но ќе се надеваат и на помош од Украинците во мечот со Нигерија.
Еден дуел во далечната 1981 година меѓу САД и Катар во рамките од ова натпреварување заврши без победник, 1-1, но сега американските фудбалери се апсолутни фаворити и нема да биде изненадување ако има голеада.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (1.90)