Дурант не може да верува што виде на меч од Евролигата: За ова во НБА се оди во затвор (Видео)

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Кевин Дурант, синоќа беше во Атина да го проследи мечот меѓу Олимпијакос и Монако, кој требаше да го реши патникот на фајнлфор-турнирот во Евролигата.

Дурант во Грција замина за да му даде поддршка на својот пријател Мајк Џејмс, кој игра за Монако, а навивачите кога дознаа дека НБА-ѕвездата ќе навива против нивниот тим, со свирежи го дочекаа кога беше претставен на големиот видеобим.

Олимпијакос со голем пресврт успеа да го добие мечот, а домашните фанови на крајот направија лудо славење. Запалија голем број факли, втрчаа на теренот и се радуваа, додека Дурант во неверување снимаше со својот мобилен телефон, а потоа на социјалните мрежи објави „Апокалипса“. Ѕвездата на Реал Мадрид, Серхио Љуљ, му коментираше на постот на Дурант и му напиша „Добре дојде во Европа“.

Дурант потоа објасни дека доколку некој навивач на НБА-натпревар во сала запали факел, веднаш ќе заврши во затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести