Длабока е Морача за Црвена ѕвезда, Будуќност намали на 1:2 во финалето на АБА-лигата

Будуќност успеа да надомести двоцифрена разлика против Црвена ѕвезда вечерва во Подгорица и победи со 80:72 за намалување на предноста на српскиот првак во финалната серија од АБА-лигата.

Гостите водеа по првата четвртина со 25:18, потоа имаа и двоцифрена предност, но не ја преживеаја пеколната атмосфера во Подгорица.

Будуќност играше посигурно до крајот на мечот и славеше за 1:2 во финалната серија. Најефикасен кај домаќините беше Кол со 20 поени, а Кларк постигна 14.

Кај Црвена ѕвезда, Риверс беше прв стрелец со 19 поени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести