Кошаркарите на Бејлор се новите шампиони во НЦАА лигата откако во големото финале славеа против тимот на Гонзага со 86:70. За Бејлор ова е прва шампионска титула, додека Гонзага има за што да жали.
На патот до финалето, Гонзага беа перфектни и имаа 31 победа и ниту еден пораз. Сепак, во најважниот меч кошаркарите на Гонзага потфрлија и останаа без шампионскиот трофеј. Во историјата на НЦАА само еднаш досега се случило тим да стигне до титулата без ниту еден пораз, Индијана во 1976 година. Индијана и во 1979 година до финалето стигна без пораз, но тогаш со Лери Бирд во финалето загуби од Мичиген стејт предводен од Меџик Џонсон.
Бејлор уште од самиот почеток доминираше во финалето. Поведоа со 9:0, а пред крајот на полувремето имаа предност и од 19 разлика. Во второто полувреме, Гонзага не успеа да се врати и мечот немаше неизвесна завршница.
BAYLOR SPOILS GONZAGA’S PERFECT SEASON TO WIN THE FIRST MEN’S CHAMPIONSHIP IN SCHOOL HISTORY! 🐻🏆 pic.twitter.com/ESPBQKVoby
— theScore (@theScore) April 6, 2021