Кристијано Роналдо со Јувентус освои нов трофеј за збогатување на личната колекција на пехари кои ги освоил во кариерата и сега има 32 трофеи. Тоа е за четири помалку од пехарите кои ги има освоено Лионел Меси. Споредбите на двете фудбалски суперѕвезди се неизбежни и кога ќе се повлечат, зад себе ќе останат неизбришливи траги.
Меси има малку повеќе трофеи, но тие му се освоени само со еден клуб, Барселона, а има два трофеи и со националниот тим. Роналдо е поразновиден, има пехари со четири клуба и можеби значајни титули со репрезентацијата отколку Аргентинецот. Останува да се види дали некој од нив ќа ја освои Лигата на шампионите, па повторно да се прават споредби.
Во ЛШ минимална предност има Кристијано, со пет трофеи, за разлика од четирите на Меси. Роналдо води со 4-3 на светското клупско, а изедначени се со 3-3 во европскиот суперкуп.
Разликата која Меси ја прави е кај трофеите од шпанската лига, Купот и Суперкупот на таа земја. Вкупниот биланс е 24-6 за Меси (10-2 во лигата, 6-2 во Купот и 8-2 во Суперкупот).
Двајцата имаат по два трофеи со репрезентациите. Меси со Аргентина ги освои Олимписките игри и младинското СП, а Роналдо со Португалија има Европско првенство и Лига на нации.
Кристијано има осум трофеи и во Англија, три во Италија и еден во Португалија.