До петок ќе се знае дали Ливерпул ќе ја освои титулата во Англија

Англиската Премиер лига е пред последната фаза за конечно продолжување на првенството кое речиси три месеци е во прекин. Од вчера, па до петок треба да бидат направени и вторите тестови за корона-вирусот на фудбалерите од сите премиерлигашки клубови, а потоа и дефинитивно да бидат расчистени сите дилеми околу тоа дека на 17 јуни ќе продолжат возбудувањата во шампионатот.

Ливерпул е апсолутен лидер со 82 бода, дури 25 повеќе од второпласираниот Манчестер сити. До крајот на шампионатот остануваат уште девет кола, плус двe заостанати средби, од кои едната е дербито меѓу Манчестер сити и Арсенал.

Гигантот од „Енфилд роуд“ цели 30 години чека да се израдува на титула во домашното првенство, а по тримесечна пауза и неизвесност, конечно се очекува овој месец да биде запишан во клупската историја како златен за Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести