Челзи цел ден се натега и преговара со Бенфика за начинот на кој треба да исплатат 105 милиони фунти за Аргентинецот Енцо Фернандес, а се чини дека конечно ќе успеат да се договорат пред полноќ.
Наводно, Орлите од Лисабон и Сините од Лондон веќе се договориле, па сега во тек се лекарски прегледи и подготвување на документација за потписот. Ова ќе биде рекорден трансфер во историјата на британскиот фудбал.
До полноќ Челзи треба да потврди и едно заминување. Хаким Зијех заминува во Пари Сен Жермен на шестмесечна позајмица.
Активен во „пет до 12“ е и Нотингам форест, овој клуб го зеде Фелипе од Атлетико Мадрид, а се договори и со голманот Кејлор Навас.