До пред доаѓањето на Рајс беше најскап играч на Арсенал, а сега Артета не го зеде ниту на подготовки

Францускиот интернационалец Николас Пепе беше најскапото засилување во историјата на Арсенал, до пред доаѓањето на Деклан Рајс. Тој не се прослави во дресот на “топчиите“ и минатата сезона ја мина како позајмен во Ница.

Сега тренерот на Арсенал, Артета, објави дека во иднина нема да смета на неговите услуги и фудбалерот нема да биде дел од подготовките на клубот од Лондон.

Пепе во 2019-тата година беше донесен од Лил за 80 милиони евра, а неговата моментална вредност е 18 милиони евра. Во четирите сезони под договор со Арсенал тој настапи на 112 натпревари и постигна 27 голови, додека подели и 21 асистенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести