До пред два дена сакаше да си оди од Реал во Бетис, а вечерва е стартер на Реал против Бетис

Карло Анчелоти го награди останувањето на Дани Себаљос во Реал Мадрид со тоа што изненадувачки го смести во почетната 11-ка за вечерашниот дуел со Бетис.

Се шпекулираше дека Себаљос пред една недела одлучил да си замине од Реал Мадрид и да се врати во Бетис за кој играше од 2014 до 2017 година пред да потпише за мадридскиот гигант, до пред два дена постоеше шанса за таков трансфер, но на крај ништо не се случи, Дани остана во Реал Мадрид.

Тој одамна не бил стартер на лигашки меч за Реал, а шанса добива вечерва и тоа против неговиот сакан Бетис во кој наводно сакал да замине до пред само два дена.

- Оглас -

Најнови вести