Вечерва ќе дознаеме кој ќе биде освојувачот на Златната топка, која што ќе се додели за најдобриот играч во последните две години.
Лионел Меси и Роберт Левандовски ќе ја водат големата битка за најпрестижната индивидуална награда во фудбалот.
Интересно е што дека за Меси, навива новиот негов соиграч, Серхио Рамос, нешто што беше незамисливо до пред некое време.
„Секако дека навивам за Меси и дека му посакувам најдобро“ изјави Рамос по вчерашниот натпревар со Сент Етијен.
Дефанзивецот конечно се опорави по долгата повреда и дебитираше за ПСЖ, а како што е добро познато, тој додека беше во Реал Мадрид беше еден од играчите кој што правеше голем број на фаули над Меси, и беше еден од најгласните поддржувачи на Кристијано Роналдо.