До пред шест години тренирал ватерполо, а сега блесна за Србија и освои сребро на кошаркарскиот Мундијал

Неверојатен подвиг направија српските кошаркари откако стигнаа до сребрениот медал на Светското првенство кое заврши пред неколку дена. Иако беа без неколку ѕвезди, Србите покажаа дека имаат одлична генерација и на крајот стигнаа до второто место на Мундијалот. Во финалето загубија од Германија, но тоа не го расипа славењето.

Никола Јовиќ е еден од играчите кои блесна на планетарниот собир. Само со 20 години, Јовиќ покажа дека пред него е блескава иднина. Сепак, подвигот кај Јовиќ е тоа што овој мултиталент само пред шест години тренирал ватерполо и бил еден од најдобрите во својата генерација.

„Беше едно момче, не ми текнува на името, но презимето му беше Јовиќ, роден 2003 година. Секогаш тренираше со постарите генерации од 2001 и 2002 година, кога еден ден дојде и ми рече „тренеру јас веќе нема да тренирам“. Бев збунет, му објаснував дека има одлична ватерполо иднина пред него, но ми рече дека сака да се посвети на кошарката“, се присетува ватерполо тренерот на Партизан, Стефан Ќириќ.

Јовиќ со кошарката започнал во КК Сава, а потоа заигра и во Мега, а сега е дел од НБА-тимот на Мајами хит. На светското првенство, во осум меча кои ги одигра, Јовиќ имаше просек од 10,1 поени, три скока и 2,6 асистенции по меч.

- Оглас -

Најнови вести