Доаѓа Арсенал – Грозница е за билети во Рен

Вистинска грозница владее во Рен за гостувањето на англискиот гигант Арсенал идниот четврток, а за околу 6 до 8 илајди билети кои ќе бидат во продажба од утре има пристигнато над 90 илјади барања од домашните навивачи.

Стадионот „Роажон парк“ во Рен има капацитет од 30 илјади места, но веќе се резервирани над 20 илјади, дел за навивачите со сезонски билети, потоа и за ВИП гости и за навивачите на Арсенал, па од утре во продажба ќе биде преостанато околу една третина.

Рен приреди сензација со елиминацијата на Бетис во претходниот двомеч во Лигата на Европа, а сега на нишан им е и Арсенал.

Првиот меч ќе се игра идниот четврток од 18.55 часот.

- Оглас -

Најнови вести