Доаѓа Јувентус на гости, цените на картите рекордно скапи

Италијанскиот првак Јувентус каде и да гостува во Италија, предизвикува најголемо внимание. Со Кристијано Роналдо во тимот, плус и останатите големи ѕвезди, доаѓањето на Јувентус на гости е речиси сигурна гаранција дека стадионот ќе биде исполнет до последно место.

Викендов Јувентус ќе игра дома, против Болоња, а потоа во следното коло ќе гостува кај Лече. Мечот е закажан на стадионот „Виа дел Маре“, а билетите се рекордно скапи. Билет за навивачката трибини чини 60 евра, колку што треба да платат и гостинските фанови.

За на источната трибина цената е 100 евра, додека влез на централната трибина вреди 120 евра. Капацитетот на стадионот „Виа дел Маре“ е 31.533 седишта и се очекува да биде исполнет до последно место, иако се работи за рекордно скапи влезници на меч на кој домаќин е Лече.

 

- Оглас -

Најнови вести