Наполи ги потврди цените на билетите за осминафиналната пресметка против Барселона во Лигата на шампионите. За дуелот кој на „Сан Паоло“ ќе се игра на 25 февруари цените на влезниците се движат од 70 до 250 евра за најдобрите места.
Фактот што доаѓа Лионел Меси во Неапол и ќе се соочи со младата македонска ѕвезда Елиф Елмас, ја натера управата на клубот да постави рекордни цени. Влезниците се поскапи од оние за дуелот против Реал Мадрид кој се одигра во 2017 година. Тогаш влезниците беа достапи од 50 до 190 евра.
Навивачите на Наполи бунтуваат поради смената на цените, но се очекува стадионот да биде исполнет до последното место.