Доаѓањето на Каземиро го убеди Роналдо да остане на „Олд трафорд“?

Неколку англиски медиуми тврдат дека Кристијано Роналдо сепак ќе остане во редовите на Манчестер јунајтед во тековната сезона, откако наводно Португалецот се премислил по договорениот трансфер на Каземиро.

На „Олд трафорд“ му доаѓа поранешниот соиграч од Реал Мадрид, тука е веќе и Рафаел Варан, па отсега Роналдо ќе биде во попријатна средина, и наместо трансфер ќе го одработи до крајот потпишаниот договор од минатото лето.

До крајот на преодниот рок остануваат уште 10 дена и сè помали се шансите, а и речиси да нема опции за трансфер, па Роналдо по сите изгледи ќе го гледаме на „Олд трафорд“ уште една сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести