Женската ракометна репрезентација на Франција со убедливи 32:22 ја надигра Холандија во последното четвртфинале и закажаа битка против Шведска за пласман во големото финале на ракометниот женски турнир во Токио.
Уште во првото полувреме Триколорките го покажаа квалитетот и остварија водство од 10 гола предност, а во остатокот од средбата на рутински начин стигнаа до победата.
За разлика од нив, кошаркарките на Франција мораа многу повеќе да се помачат за пласман во полуфиналето на турнирот. Франција славеше со минимални 67:64 против Шпанија, а во полуфиналето ќе се сретне со домашните кошаркарки на Јапонија.
Французинките го држеа резултатот во своја корист во поголемиот дел од средбата, но Фуријата се залета во последниот период со серијата од 13-2 и го презеде водството, кое сепак не можеше до крај да го задржи.