Баерн е апсолутен фаворит за победа во Атина против АЕК, а тренерот на грчкиот тим Маринос Узунидис вели дека има само една тактика за подвиг.
„Не смееме да ги пуштиме играчите на Баерн блиску до нашиот шеснаесетник. Ќе мора да играме пресинг повисоко на теренот, за да ја спречиме нивната доминација“, вели Узунидис.
Шансата на АЕК е цврста одбрана и дисциплинирана игра за да се надева на подвиг, додава Узунидис.
„Знаеме дека нема да имаме поголем посед на топката. Баерн има светски ѕвезди во составот и нашата шанса се контранападите. За тоа ни треба многу дисциплина, добра организација и цврста одбрана“, дополнува Узунидис.
Планот му е добар, но Баварците доаѓаат во Атина со импресивен биланс од пет победи и само едно реми на последните шест гостувања во Лигата на шампионите.