Во главниот град на американската сојузна држава Тексас, Остин, се одржаа квалификациите за спринт трката во Формула 1.
Најдобар резултат имаше возачот на Ред Бул, првакот Макс Ферстапен. Втор беше Џорџ Расел од Мерцедес, додека трето најдобро време имаше Шарл Леклер од Ферари, а Ландо Норис од Мекларен е четврти.
Норис заостанува 52 бода зад Ферстапен и ќе треба да се потруди да не направи лош резултат, бидејќи така шансите за титулата ќе му се сведат на теорија.
Вечерва се вози спринт трката, а потоа се и квалификаиците за утрешната трка.